Линкови за пристапност

Само во Америка: Некои држави сакаат жешко


Само во Америка: Некои држави сакаат жешко

Само во Америка: Некои држави сакаат жешко

Многу би платиле повеќе, само да патуваат - сами

Многу патници со авион во САД радо плаќаат повеќе, понекогаш многу повеќе, да летаат со прва класа. Тие уживаат поголеми седишта, побрзо сместување, и бесплатни пијалоци. Идејата за подобар третман сега пенетрира и на патиштата.

Многу од патиштата веќе имаат специјални ленти за повеќе од еден патник во возилото. Се сметаше дека постоењето на овие ленти и побрзо возење ќе ги натера луѓето да се здружуваат за одење на работа, на пример.

Но, искуството покажа дека возачите не сакаат да се откажат од комодитетот на својот автомобил. И – тие стануваат се` полути на оние кои уживаат на брзите ленти. За да ги смират, сега многу сојузни држави воведува концепт на „жешки“ ленти.

„Хот“ инаку е кратенка за давачка што се наплатува за нивно користење. Еве како функционира:

Исто како кај лентите за возила со повеќе лица, овие се брзи. Но за разлика од првите, каде возачите не плаќаат, за овие се наплатува скапо. Многу возачи се пресреќни – би платиле само да се сами на патот и да заштедат време.

Вирџинија, Џорџа и Калифорнија се меѓу државите кои градат „жешки ленти“ покрај другите. Тие тврдат дека парите собрани на овој начин ќе помогнат за подобрување во сообраќајот.

Но, што ако многу возачи-самотници се приклучат на овие ленти? Сообраќајот ќе биде задушен и бавен.

Американскиот капитализам има одговор. Ако тоа се случи, државите ќе продолжат со кревање на цената за оваа привилегија. Така ќе се натераат оние кои не ќе можат да си го дозволат луксузот да се вратат на нормалните ленти. И жешките ленти повторно ќе станат – експресни.

XS
SM
MD
LG