Линкови за пристапност

„Окупирај го Вол Стрит“ пред судска пречка


„Окупирај го Вол Стрит“ пред судска пречка
„Окупирај го Вол Стрит“ пред судска пречка

Припадниците на движењето може да се вратат во паркот, но не и да кампуваат преку ноќ.

Демонстрантите од движењето „Окупирај го Вол стрит“ може да се вратат во паркот Зукоти во Њујорк од каде беа протерани вторникот наутро, но не и да кампуваат преку ноќ.

Паркот беше повторно отворен синоќа, откако Врховниот суд на државата Њујорк пресуди дека градските власти постапиле според законот кога ја спровеле забраната за ноќевање на оваа локација.

Полицијата вторникот наутро уапси речиси 200 демонстранти кои одбија да го напуштат паркот каде кампуваа. Демонстрантите потоа поднесоа судска тужба, барајќи да се вратат во паркот со шаторите и вреќите за спиење, но судијата Мајкл Сталман одлучи дека нивното уставно право на словода на говор не било прекршено од забраната на градските власти за спиење во паркот.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека се согласува со судската одлука дека слободата на говор не го вклучува правото „да се загрозува безбедноста на јавноста или пак да се нарушуваат правата на другите преку запоседнување на јавно место“.

Од септември - наваму, неколку стотици членови на „Окупирај го Вол Стрит“ кампуваа во паркот Зукоти епицентарот на протестите што потоа се проширија во други градови во и надвор од САД.

XS
SM
MD
LG