Линкови за пристапност

„Окупирај го Вол Стрит“ со протести одбележува два месеца од постоењето


„Окупирај го Вол Стрит“ со протести одбележува два месеца од постоењето
„Окупирај го Вол Стрит“ со протести одбележува два месеца од постоењето

Уапсени најмалку 50 демонстранти, напната ситуација пред Њујоршката берза.

Стотици припадници на „Окупирај го Вол Стрит“ протестираат во Њујорк, како дел од националниот повик на акција што го поддржаа оддели на движењето во други градови.

Во финансискиот центар на градот дојде до напната ситуација кога стотици антикапиталистички демонстранти започнаа да ги отстрануваат барикадите што полицијата ги постави околу Вол Стрит.

Денес се навршуват два месеца од почетокот на движењето и демонстрантите најавија дека ќе покажат колкава е неговата сила.

Њујоршката полиција соопшти дека уапсила најмалку 50 демонстранти кога се обиделе да го попречат работењето на Њујоршката берза. Демонстрантите најавија подоцнежни протести во метрото и на главните мостови во градот.

Демонстрации се одржуваат и во Лос Анџелес, Портланд и други градови. Демонстрантите во Вашингтон планираат протестен марш на главниот мост што го поврзува градот со сојузната држава Вирџинија.

„Окупирај го Волстрит“ вторникот наиде на првиот поголем удар кога полицијата ги отстрани неговите припадници од паркот Зујоти во Њујорк каде кампуваа од самиот почеток.

XS
SM
MD
LG