Линкови за пристапност

„Денот на акција“ заврши со над 200 уапсени


„Денот на акција“ заврши со над 200 уапсени

„Денот на акција“ заврши со над 200 уапсени

„Окупирај го Волстрит“ најавува дека ќе продолжи со протестите и покрај студеното време и наредбите за иселување од јавни локации.

Полицијата во Њујорк уапси над 200 лица – припадници на „Окупирај го Вол, Стрит“ кои вчера со протести одбележаа два месеца од почетокот на движењето.

Полицијата успеа да спречи многу помала група луѓе отколку што претходно се очекуваше во намерата да го блокираат финансискиот кварт во Њујорк. Но демонстрантите добија на бројност од неколку илјади кога синдикалците им се приклучија на вечерниот марш преку симболот на Њујорк - Бруклинскиот мост.

Иако протестите беа претежно мирољубиви, њујоршките власти потврдија дека во судирите со демонстрантите биле повредени седум полицајци.

Протестите уследија два дена откако градските власти решија да ги отстранат припадниците на „Окупирај го Вол Стрит“ од паркот Зукоти – родното место на движењето што вели дека протестира против економската нееднаквост и алчноста на корпорациите.

На демонстрантите подоцна им беше дозволено да се вратат во паркот, но не и да кампуваат преку ноќ.

Слични демонстрации имаше во Лос Анџелес, Калифорнија, Портланд, Орегон и други поголеми американски градови.

Активистите на движењето најавуваат дека ќе продолжат со протестите и покрај студеното време и наредбите за иселување од јавни локации.

XS
SM
MD
LG