Линкови за пристапност

Обама на одмор, но не и критичарите


Обама на одмор, но не и критичарите

Обама на одмор, но не и критичарите

Велат дека наместо да замине од Вашингтон на 10-дена, треба да се фокусира на економијата

Американскиот претседатател од вчера е на 10-дневен одмор со семејствотото во Масачусетс, на островот Мартас Винјард.

Критичарите го обвинуваат дека заминал од Вашингтон во тешки економски времиња и дека избрал скапо одмаралиште. Наместо на одмор, велат, би требало да остане во Вашингтон и да се фокусира на економската ситуација.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, пак, не смета дека Американците се противат на тоа претседателот да мине малку време со семејството. Тој рече и дека ова не е вообичаен одмор, бидејќи Обама ќе биде во постојана комуникација со соработниците, кои редовно ќе го информираат за економски и безбедносни прашања.

Пред да замине на одмор, Обама најави дека наредниот месец ќе претстави нов предлог за поголемо кратење на огромниот буџетски дефицит од веќе договореното.

Последното истражување на јавното мислење на агенцијата Галуп покажа дека само 26% од Американците ја одобруваат неговата економска политика, што е најнизок рејтинг откако стапи на функцијата.

XS
SM
MD
LG