Линкови за пристапност

Обама ќе најави повлекување на војници од Авганистан


Обама ќе најави повлекување на војници од Авганистан

Обама ќе најави повлекување на војници од Авганистан

Тоа е само прва фаза од планот за враќање на силите што претседателот на САД ќе го изложи вечерва во обраќање до нацијата

Претседателот Барак Обама вечерва ќе се обрати до нацијата за следните чекори во војната во Авганистан. Според, најавите, до крајот на годината би требало да се вратат околу 10.000 војници. Медиумите цитираат претставници на одбраната дека веднаш ќе се повлечат 5.000, а други 5.000 до крајот на 2011-та.

Портпаролот Џеј Карни, коментирајќи на медиумските шпекулации, рече дека Обама ќе објасни како ќе ја примени стратегијата за повлекување што ја објави уште во декември 2009-та во воената академија Вест Поинт во Њујорк.

Во обраќањето од Белата куќа во вечерен ударен термин, Обама, според најавите, ќе ја реафирмира заложбата на САД и НАТО за целосно предавање на одговорноста за безбедноста на Авганистан во надлежност на авганистанските сили до 2014-та.

Во моментов, САД имаат околу 100.000 војници во Авганистан.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека претседателот морал да ја има предвид одржливоста на ситуацијата на домашен терен – и во Конгресот, и меѓу американската јавност, како и условите во Авганистан. Гејтс ја уважи загриженоста во САД во врска со Авганистан, велејќи дека американскиот народ е „заморен од еднодецениската војна“. Тој рече и дека постои „огромна резервираност“ во Конгресот за војната и за обемот на американското учество.

XS
SM
MD
LG