Линкови за пристапност

Обама со автобус низ Охајо и Пенсилванија


Претседателот сака да се претстави како поголем борец за средната класа отколку опонентот Мит Ромни

Американскиот претседател Барак Обама во рамки на кампањата за реизбор почнува дводневна турнеја со автобус низ Охајо и Пенсилванија, две клучни сојузните држави за изборите во ноември.

Обама победи во двете држави во 2008-ма, а неодамнешните анкети покажуваат дека има благо водство врз најверојатниот републикански кандидат Мит Ромни.

Претседателот ќе се обиде да ја искористи кампањата да се претстави како поголем поборник за правата на средната работничка класа Американци отколку опонетот Ромни - богат бизнисмен уште пред да влезе во политиката.

Кампањата на Обама почна да покренува прашања за времето во кое Ромни бил прв човек на компанија за инвестиции во финансискиот сектор, за која, некои критичари велат дека инвестирала во фирми кои ги префрлиле работните места надвор од САД.

Враќањето на Обама во интензивна кампања доаѓа само неколку дена откако Врховниот суд на САД се огласи дека неговите реформи во системот за здравствена заштита се уставни.

Пресудата од највисоката судска инстанца во САД ги разлути републиканските критичари на оваа легислатива, особено околу клучната точка во реформа од законот која се однесува на Американците кои немаат здравствено осигурување, а отсега ќе мора да плаќаат казна.

Кампањата на Мит Ромни претходно ја опиша мерката, позната како индивидуален налог, или казна, но во неодамнешно интервју за телевизијата ЦБС, Ромни се согласи со други републиканци, кои го нарекоа акт на одданочување. Ромни воведе слична мерка во легислативата за здравствена заштита за време на мандатот како гувернер на сојузната држава Масачусетс.
XS
SM
MD
LG