Линкови за пристапност

Обама на нова турнеја, на мета домувањето


Обама на нова турнеја, на мета домувањето
Обама на нова турнеја, на мета домувањето

Во Невада, Калифорнија и Колорадо претставува програма за заживување на пазарот на недвижнини

Американскиот претседател Барак Обама на турнеја по три сојузни држави во западниот дел на САД претставува нова програма за заживување на пазарот на домување.

Во Лас Вегас, сојузната држава Невада - еден од најтешко погодените области во трговијата со недвижнини - Обама ќе говори за планот на федералните регулаторни органи, преку снижување на месечните рати на стамбените кредити да им помогнат на сопствениците да не ги изгубат домовите под хипотека. За овој план не е потребно претходно одобрување од Конгресот.

Официјални лица наведуваат дека планот на Федералната агенција за финансирање на домувањето ќе им олесни на сопствениците да прејдат на пониски каматни стапки, дури и кога кредитот им е многу поголем отколку што вреди домот. Агенцијата планира да укине и одредени провизии што ги наплаќаат хипотекарните кредитни организации Фени Меј и Фреди Мек.

Владата на Обама се надева дека помагајќи им на сопствениците да не ги загубат домовоте под хипотека, ќе ја поттикне потрошувачката и ќе го зајакне економскиот опоравок.

Претседателот на тридневната турнеја по Невада, Калифорнија и Колорадо воедно ќе собира средства за кампањата за свој реизбор 2012-та.

XS
SM
MD
LG