Линкови за пристапност

Сите американски трупи ќе заминат од Ирак до крајот на годината


Сите американски трупи ќе заминат од Ирак до крајот на годината

Сите американски трупи ќе заминат од Ирак до крајот на годината

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека сите американски трупи ќе бидат повлечени од Ирак до крајот на годината

Претседателот ова го соопшти во петок по видеоконференција со ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

Во собата за брифинг во Белата куќа, Обама кажа: „Нашите трупи во Ирак дефинитивно ќе бидат дома за празниците“. Тој кажа дека тој и Малики се согласиле во врска со таа одлука.

Обама кажа дека американскиот однос со Ирак ќе влезе во нова фаза заснована на заеднички интерес и меѓусебно почитување. Тој додаде дека Вашингтон очекува другите нации да ја почитуваат ирачката сувереност.

Војната во Ирак започна во март 2003-та, и е една од најдолгите во американската историја. Повеќе од 4.400 американски трупи загинаа во конфликтот.

XS
SM
MD
LG