Линкови за пристапност

Обама: На Иран му е предаден рамковен договор за нуклеарната програма


На прес-конференција претседателот кажа дека на Иран ќе му биде дозволено да ги реализира своите мирољубиви енергетски потреби

Претседателот Обама изјави дека САД и сојузниците од групата 5+1 му предале на Иран рамковен документ за нуклеарниот договор, но додаде дека ќе минат недели пред да биде познато дали договор воопшто ќе има.

Обама на прес-конференција во Белата куќа истакна дека договорот ќе му овозможи на Иран да ги задоволи своите енергетски потреби за мирољубиви цели.

Договорот повикува на прогресивен проверлив пристап со цел Иран да излезе од тешките санкции и да се приклучи на меѓународната заедница.

Но Обама потсети на долгата традиционална недоверба меѓу Иран и САД. Го остави отворено прашањето дали иранското раководство ќе стори што е најдобро за земјата и за светот.

Иран и таканаречената група 5+1 ( петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија ) се исправени пред рокот 24-ти ноември за постигнување договор по иранската нуклеарна програма.

Иран треба да се откаже од збогатување на ураниум во замена за укинување на санкциите.

XS
SM
MD
LG