Линкови за пристапност

Обама признава дека Американците не живеат подобро


Обама признава дека Американците не живеат подобро

Обама признава дека Американците не живеат подобро

Во телевизиско интервју, претседателот кажа дека животот не е подобрен во државата во негово време

Слабата американска економија и високата невработеност и` наштетиле на неговата популарност меѓу Американците. Тоа се зборови на самиот претседател во интервјуто за ЕјБиСи, чие истражување на јавно мислење покажа дека 55 проценти од анкетираните рекле дека не веруваат оти Обама ќе добие втор мандат.

На ова Обама одговори дека „апсолутно“ се гледа себе си како некој без предност во претстојните претседателски избори од 2012-та:

„И не ми пречи. Навикнат сум на тоа. И мислам дека она што луѓето ќе речат е – кој има визија за иднината што всушност ќе им помогне на обичните семејства да го вратат американскиот сон. Кога се кандидирав во 2008-ма основната идеја беше дека обичните луѓе, кои прават се` како што треба – не напредуваат. Приходите беа стагнантни. Трошоците растеа за се` - од здравствена заштита до универзитетско образование. И се` што правев изминативе три години е да ги направиме тие големи промени за нашите деца да можат да добијат најдобро образование да добиеме најдобра инфраструктура во светот, да ги добиеме средствата што ќе ни овозможат повторно да бидеме успешни“.

Претседателот исто така призна дека односите со опозиционите републикански законодавци „не беа добри последниве неколку месеци“.

Но тој кажа дека американските гласачи ќе сфатат дека тој со секој потег се обидувал да ги ангажира политичките опоненти, но, со негови зборови, се` што добивме од нив беше ништо“.

Обама во интервјуто начна неколку теми. Меѓу другото кажа дека терористичката мрежа Ал-Каида и натаму е опасна , но дека убивањето на клучните нејзини лидери вклучувајќи го и Осама бин Ладен - ја оставиле организацијата значително ослабена.

XS
SM
MD
LG