Линкови за пристапност

Обама и Оланд во Шарлотсвил


Меѓусебните односи - „модел за меѓународна соработка“

Првите луѓе на САД и Франција денес во местото Шарлотсвил, сојузната држава Вирџинија, ќе одржат говори пред Монтичело, домот на третиот американски претседател, Томас Џеферсон.

Во заедничка колумна во Вашингтон пост, Барак Обама и Франсоа Оланд истакнаа дека односот меѓу земјите се трансформирал изминатите години и дека е модел за меѓународна соработка, како на пример во иранските нуклеарни преговори, контратероризмот и борбата против сиромаштијата во Африка.

Обајцата ја цитираа армиската соработка во Мали, Централноафриканската Република и Сомалија, како и заедничките иницијативи за намалување на издувните гасови пред меѓународната конференција за климатските промени што следната година ќе се одржи во Франција.

Белата куќа ја потенцираше поврзаноста на Томас Џеферсон со Франција, велејќи дека Монтичело е одраз на неговата симпатија кон францускиот народ и споделените вредности на „животот, слободата и потрагата по среќа“.

Третиот претседател служел како американски амбасадор во Франција, пред да стане државен секретар и потпретседател.
XS
SM
MD
LG