Линкови за пристапност

Обама го стега ременот


Обама го стега ременот
Обама го стега ременот

Ќе предложи намалување на дефицитот над предвидените 1, 5 трилиони долари

Американскиот претседател најави дека наредниот месец ќе претстави нов предлог за поголемо кратење на огромниот буџетски дефицит од веќе договореното.

За време на средбата со граѓани во домашната сојузна држава Илиноис, Барак Обама кажа дека предлогот предвидува намалување на дефицитот над сумата од 1,5 трилиони долари, колку што треба да скрати посебно за таа цел формираната натпартиска конгресна комисија, согласно договорот за задолженоста што Обама и Конгресот го постигнаа на почетокот на авуст.

Комисијата од шест демократи и исто толку републиканци има задача до декември да ги лоцира сферите каде може да се скратат трошоците.

Претставници на Белата куќа наведуваат дека Обама ќе предложи неколку мерки - за создавање на работни места, намалување на даноците, инвестиции во инфрастурата и помош за оние кои подолго време се без работа.

Голем број републикански законодавци се против зголемување на даноците за богатите и укинувањето на даночните олеснувања за големите корпорации, тврдејќи дека тоа ќе наштети на отворањето на нови работни места и ќе го поткопа и онака слабиот опоравок на економијата.

Илиноис беше последна станица на тридневната турнеја со автобус на Обама - претходно ги посети Минесота и Ајова. Обама на средби со жителите на овие сојузни држави ги сослуша нивните грижи и дискусираше за нивните идеи како да се подобри едкономијата. Тој се врати во Вашингтон синоќа, од каде ќе замине на 10-дневен одмор со семејствотото во Масачусетс, на островот Марта Винјард.

XS
SM
MD
LG