Линкови за пристапност

Обама ќе предложи план за работните места, дефицитот


Обама ќе предложи план за работните места, дефицитот

Обама ќе предложи план за работните места, дефицитот

Републиканците ја критикуваат кампањата по Средниот Запад како непотребен трошок што ќе го платат даночните обврзници

Американскиот претседател до Конгресот ќе претстави нов план за отворање на работни места и намалување на буџетскиот дефицит. Барак Обама планира тоа да го стори на почетокот на наредниот месец, откако тој и Конгресот ќе се вратат од летен одмор.

Претставници на Белата куќа наведуваат дека Обама најверојатно ќе повика на намалување на даноците, инвестиции во инфраструктурата и помош за невработените на подолг период.

Претседателот ги најави новите економски идеи на тридневната турнеја и средби со гласачите по Средниот Запад. Негова последна станица денеска беше домашниот Илиноис. Отворањето на нови работни места беше клучна тема и на средбите во Минесота и Ајова.

Републиканците ја критикуваа неговата турнеја, а некои од нив ја нарекоа кампања за која плаќаат даночните обврзници. Претседателските кандидати од републиканскиот табор го нападнаа и економскиот учинок на Обама, наведувајќи дека опоравокот забавува а невработеноста и натаму е над 9%.

XS
SM
MD
LG