Линкови за пристапност

Повик за драстични кратења


Повик за драстични кратења
Повик за драстични кратења

Пратеници од обете партии апелираат дефицитот да се стави под контрола

Група американски пратеници од обете партии го повика специјалниот комитет - задолжен да утврди како да се елиминираат 1,2 трилиони долари од владиниот дефицит – да појде и подалеку и да заштеди 4 трилиони долари.

Тие го повикаа комитетот да го испочитува крајниот рок на 23-ноември и да излезе со план за кратење на дефицитот во следната деценија.

Републиканскиот сенатор Ламар Александер коментираше дека се работи за многу повеќе од пари, односно за тоа дали претседателот и Конгресот ќе можат компетентно да управуваат со земјата.

Водачот на демократското малцинство во Претставничкиот дом Стени Хауер рече дека пратениците сега имаат историска можност да постигнат смел договор што ќе и` помогне на нацијата да се врати на одржлив фискален пат и ќе ја поттикне економската обнова.

Во вторникот, републиканските водачи во Конгресот изразија подготвеност да се повлечат од заложбата за неменување на даноците во полза на еден сеопфатен договор за намалување на огромниот буџетски дефицит. Тие велат дека до комитетот поднеле предлог што предвидува нови приходи од зголемување на даноците, но во комбинација со драстични кратења на домашните програми поддржани од демократите.

Американскиот претседател Барак Обама сигнализираше подготвеност за реструктуирање на скапите владини програми што обезбедуваат средства и здравствена грижа за пензионерите. Обама неделата рече дека се надева дека комитетот ќе ги повлече неопходните потези за постигне согласност за планот за намалување на дефицитот.

Републиканците претходно одбиваа зголемување на даноците, додека демократите се противеа на големи кратења во здравствена заштита и пензисиките програми.

Ако комитетот не излезе со план до 23-ти ноември, ќе уследи автоматското кратење на одбранбени и домашни програми на почетокот на 2013-та.

XS
SM
MD
LG