Линкови за пристапност

Обама: договорот за долгот неопходен за исплата на пензиите


Обама: договорот за долгот неопходен за исплата на пензиите

Обама: договорот за долгот неопходен за исплата на пензиите

Нови предупредувања за важноста од потигнување на спогодба за владиниот дефицит и националниот долг

Претседателот Обама рече дека не може да гарантира дека ќе има пари да се исплатат пензиите за милиони Американци по 3-ти август, доколку до 2-ри истиот месец не биде постигнат договор со опозиционите републиканци за националниот долг.

Обама ја изнесе ваквата констатација во телевизиско интервју за ЦБС, чии делови беа објавени на Интернет-страницата ан ТВ-мрежата.

Обама и републиканците во Конгресот имаат дијаметрално спротивни идеи како да се накачи сегашната граница за владино позајмување од 14,3 трилиони долари. Ако не биде постигнат договор до 2-ри август, САД не ќе можат да исплатат дел од него.

Обама денес закажа уште една во досегашната долга серија на средби со конгресните лидери, но двата табора навидум го зголемија јазот што постоеше на почетокот.

Водачот на републиканците во Сенатот Мич Меконел рече дека е можно да не дојде до долгорочен договор за буџетскиот проблем се` додека Обама е претседател на САД. Меконел ги окарактеризира предлозите на Обама како трик на волшебник.

Претседателот Обама предложи пакет кратење на владините трошоци и зголемување на приходите во следните 10 години, тежок 4 трилиони долари. Но, конгресните републиканци најавија дека нема да се согласат на зголемување на даноците и бараат акцентот да биде на владините трошоци, додека демократите се против кратењата во пензиските и здравствените програми за највозрасните Американци и сиромашните.

XS
SM
MD
LG