Линкови за пристапност

Обама и републиканските конгресмени во отворен судир


Обама и републиканските конгресмени во отворен судир

Обама и републиканските конгресмени во отворен судир

Продолжува неизвеснoста за милиони Американци - дали ќе плаќаат повисок данок од 1-ви јануари

Милиони Американци може да даваат повеќе за данок, а други може да го загубат и осигурувањето што сега го добиваат заради невработеност, заради новиот политички ќорсокак во Вашингтон.

Претставничкиот дом на САД го откажа гласањето за привремено продолжување на даночното олеснување за платите за уште два месеци, и наместо тоа повика на нова рунда преговори во Вашингтон.

Спикерот Џон Бенер рече дека републиканските законодавци во Претставничкиот дом си ја завршиле работата и вината ја насочуваат кон нивните колеги во Сенатот, кој е под контрола на демократите.

Неуспехот да се постигне решение за легислативата испровоцира лута реакција од американскиот претседател Барак Обама. Тој ја прекина редовната прес-конференција во Белата куќа и ги критикуваше републиканските законодавци дека се обидуваат да стекнат политичка предност врз демократите за прашања за кои според него, нема место за политички игри. Тој вели американскиот народ е изморен од партиски надмудрувања и заслужува подобро.

Белата куќа предупреди дека 160 милиони американски работници ќе платат по околу 1000 долари повисок данок на примањата, ако Претставничкиот дом не го усвои продолжувањето на даночното олеснување до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG