Линкови за пристапност

Средба Обама-Камерун во Белата куќа


На дневен ред Иран, Сирија, Авганистан, самитите на Г-8 и НАТО.

Американскиот претседател Барак Обама денес е домаќин на својот најблизок сојузник, британскиот премиер Дејвид Камерун. Теми на средбата се Иран, Сирија, Авганистан и самитите на Г-8 и НАТО. Обама во чест на Камерун ќе организира и свечена вечера во Белата куќа.

Обама и Камерун неделава во Вашингтон пост објавија напис во кој наведуваат дека американско-британското сојузништво е „партнерство на срцето, врзано во историјата, традициите и вредностите“. Државниците наведоа и дека соработуваат со другите глобални економски сили на создавањето на нови работни места, глобалното економско закрепнување и решавањето на европската должничка криза.

Обама синоќа ја сподели својата пасија по кошарката со Камерун, носејќи го на натпревар од завршниот турнир во универзитетската кошарка во Охајо меѓу Вестерн Кентаки и Мисисипи Вели стејт – настан што во текот на март ја преокупира спортската јавност во САД. Тоа бил првиот кошаркарски натпревар воопшто на кој Камерун присуствувал. Во ТВ-изјавата се шегуваше дека играта се одвивала мошне брзо, а дека правилата се малку конфузни. Обама, пак, кажа дека Камерун ќе му ги разјасни правилата на крикетот.

XS
SM
MD
LG