Линкови за пристапност

Обама го објави изводот од книгата на родените


Обама го објави изводот од книгата на родените

Обама го објави изводот од книгата на родените

Вели дека сомневањето дали е роден во САД само одвлекува внимание од вистинските проблеми пред земјата

Белата куќа денес го објави целосниот извод од книгата на родените за американскиот претседател Барак Обама, во одговор на тврдењата дека тој не бил роден во САД. Обама кажа дека се решил на ваков потег поради тоа што сомневањата за местото на раѓање почнале наголемо да го одвлекуваат вниманието од битните прашања.

Тој рече дека земјата е пред “огромни предизвици“ и дека има поважни нешта отколку да се бави со, како што кажа, бесмисленоста дали навистина се родил во САД. Обама рече и дека некои нема да се откажат од сомневањата, без оглед на тоа што го објавил документот.

Во изводот стои дека Обама се родил на 4-ти август 1961-ва на Хаваите.

Таканереченото „движење на родените“ верува дека претседателот не доставил адекватен доказ дека е роден во САД кога се кандидирал за претседател, а со самото тоа и не го исполнува условот да ја извршува функцијата.

Њујоршкиот богаташ и трговец со недвижнини Доналд Трамп, кој според анкетите има се` поголема популарност меѓу републиканските кандидати за претседател, е еден од најгласните кои се сомневаат дали Обама навистина се родил во САД. По објавувањето на изводот, Трамп рече дека е негова заслуга што претседателот конечно го сторил тоа.

Изборниот штаб на Обама на претседателските избори во 2008-ма објави само куса форма на изводот.

Обама, чиј татко е Африканец а мајка Американка, дел од детството минал во Индонезија.

XS
SM
MD
LG