Линкови за пристапност

Обама именуваше нов раководител на Федералните резерви


Бен Бернанке заминува од функцијата, а на негово место е номинирана Џенет Јелин.

Претседателот Барак Обама ја номинира Џанет Јелин за раководителка со федералите резерви.

Потврдена од Сенатот, 67-годишната Јелин ќе го замени Бен Бернанки, чиј втор мандат како прв човек на Централната банка му истекува на 31-ви јануари.
Јелин во моментов е потпретседателска на Федералните резерви. Претходно таа беше професор на Универзитетот на Калифорнија во Беркли, и шефица на Федералните резерви на Сан Франциско и претседателски советник.

Во нејзините говори и јавни настапи ги поддржува ниските каматни стапки, кои Бернанке ги користи во обид да ја намали невработеноста и да ја извлече американската економија од најлошата рецесија со децении.
Федералните резерви ги намалија краткорочните каматни стапки на речиси нула и се обидоа да ги намалат долгорочните стапки со месечна програма од 85 милиони долари со купување државни обврзници.

Првиот човек на Федералните резерви ќе треба да донесе одлука за прекинување на стимулативните напори. Економистите предупредуваат дека пребрзото повлекување на стимулативната поддршка, може повторно да ја втурне земјата во рецесија. Но, и во спротивно, ако предолго траат стимулативните напори, може да предизвикаат инфлација која ќе ја погоди економијата.

Другиот кандидат за оваа одговорна позиција, поранешниот секретар за финансии и претседателски советник Лари Самерс се повлече од трката поради противењето од сенаторите од Демократската партија на претседателот Обама.
XS
SM
MD
LG