Линкови за пристапност

Oбама се шегуваше на своја сметка


Oбама се шегуваше на своја сметка
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:39 0:00

Oбама се шегуваше на своја сметка

Видео-инсерт од традиционалната вечера со известувачите од Белата куќа.

Претседателот Барак Обама се шегуваше на своја сметка на годишната вечера за новинарите кои известуваат од Белата куќа.

Наместо со традиционалната претседателска музичка увертира, Обама излезе на сцената со звуци на рап-нумерата „Се` што правам е победувам“ на Диџеј Калед. Најавувајќи дека ќе се обиде да го освежи својот втор мандат на функцијата со тоа што ќе позајми идеја од сопругата Мишел, Обама покажа свои монтирани фотографии инспирирани од новата фризура на првата дама што неодамна привлече големо внимание во јавноста (погледнете во видеото).

Покрај новинарите, настанот по традиција привлече бројни комичари, глумци и режисери од Холивуд.

На почетокот на вечерата, Обама им оддаде почит на загинатите во нападот на Бостонскиот маратон и во експлозијата во фабрика за вештачко ѓубриво во местото Вест, сојузната држава Тексас.
XS
SM
MD
LG