Линкови за пристапност

10 години подоцна: 11-ти септември: Да не се заборави!


Американскиот претседател Барак Обама на одбележување на 11-ти септември на Граунд зеро
Американскиот претседател Барак Обама на одбележување на 11-ти септември на Граунд зеро

Зголемени предострожни мерки во транспортниот систем во Њујорк и Вашингтон

11-ти септември: Да не се заборави! 10 години подоцна. Каков е животот во САД? Дали граѓаните се чувствуваат безбедни? Колку се реални заканите од Ал-Каида? Вашингтон и Њујорк го минуваат одбележувањето на немилиот настан, во како што објавија „кредибилна и специфична“ терористичка закана. Зголемени се предострожни мерки во транспортниот систем со проверка на возила, инспекции на торби во јавниот превоз и инволвирање поголем број полициски кучиња во патролирањето.

Американскиот претседател Барак Обама по повод 10-тата годишнина од терористичките напади од 11-ти септември ги посети третите локации Граунд Зиро, Шенксвил, Пенсилванија и Пентагон и им оддаде почит на загинатите на тој кобен ден. На одбележувањето на 10-годишнината од терористичките напади на 11-ти септември е отворен Меморијален плоштад и музеј на Граунд зеро. Во тек се обиди за документирање на сеќавања на граѓани за кобниот ден и за деценијата која измина по немилиот настан што го промени начинот на живот на обичниот човек.

„Ужасна глетката, тоа ни ги измени животите. Бевме нападнати без причина, затоа извикувавме во еден глас: „никогаш нема да заборавиме“. Вакво чувство се стекнува при разговор со анкетирани Американци по улиците на Вашингтон.

„Тој ден ја обедини земјата. Имаше зголемено чувство на патриотизам. Работите ги сфаќавме како да ни се подарени, но сега сме повнимателни, од аспект на безбедноста.

„На 11-ти септември станавме посвесни, дека мора да ја заштитиме нашата земја. Јас ги поддржувам нашите војници, и мојот син е дел од армиските сили, кој беше повреден.

Камерата на Гласот на Америка регистрираше – како размислуваат граѓаните за 11-ти септември - 10 години по кобниот ден; Дали животот им е изменет?

“Ние покажавме дека сме отпорна нација, но малку повеќе отколку што е потребно стравуваме отколку што бевме во минатото.

„Не сме толку кохезивно општесто. Повеќе сме екстремни на двете страни од спектарот. Има многу несогласања во нацијата.

За обичните граѓани, сепак, најважна е благосостојбата во семејството, домот, децата...„И покрај тоа што ни се случи 11-ти септември, сакаме да живееме во слободно општество со избалансиран политички модел, и да не се откажуваме што значи да се биде Американец!“, велат во еден глас.

Меморијалниот плоштад во Њујорк ќе биде отворен за јавноста на 12-ти септември. Музејот, пак треба да ги прими првите посетители следната година. Како куриозитет, семејствата на загинатите долго време бараа да се постави ваква изложба, со цел помладите генерации да знаат што точно се случи на 11-ти септември 2001-ва. Можеби тоа најдобро го илустрира еден Американец, кој ја загубил сопругата во Светскиот трговски центар: ќе биде тешко, емоциите се измешани, но не сакаме овој датум да биде заборавен!

Американците ја одбележаа 10-тата годишнина од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва во време кога истражувањето на јавното мислење покажува дека во САД се` уште владее песимистичко расположение, особено поради состојбата со забавената економија. Неодамнешната анкета на магазинот Тајм покажа дека 71 процент од Американците сметаат дека САД се наоѓаат во многу полоша состојба отколку пред една деценија, а истражување на јавното мислење на Галуп покажа дека 88 проценти од анкетираните се незадоволни со правецот во кои се движи земјата.

XS
SM
MD
LG