Линкови за пристапност

Реакции од светските влади за смртта на Ким Јонг-Ил:


Реакции од светските влади за смртта на Ким Јонг-Ил:

Реакции од светските влади за смртта на Ким Јонг-Ил:

Различни реакции по неговата смрт

Бела куќа, Вашингтон:

„Претседателот Обама ја повтори силната заложба на САД за стабилност на Корејскиот полуостров и безбедност на нашиот близок сојузник, Јужна Кореја.“

Парк Јенг-ха, портпарол на канцеларијата на Јужнокорејскиот претседател Ли Мјанг-бак:

„Мирот и стабилноста на корејскиот полуостров е прв приоритет за иднината на Јужна Кореја. Оваа ситуација не треба да биде закана по мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров. Со цел да се одржи стабилноста, мора да бидеме целосно подготвени, и во блиска координација со меѓународната заедница.“

Портпарол на министерството за одбрана на Јужна Кореја, Ким Мин-сеок:

„Армијата внимателно го следи развојот во Северна Кореја и се наоѓа во состојба на зголемена будност. Засега не е регистрирано значително движење на теренот. Засега не го зголемуваме нивото на борбена готовност, но имаме засилено споделување на информации на релација САД-Кореја.“

Јапонски премиер Јошихико Нода:

„Мора да спречиме неочекувани инциденти кои негативно ќе се одразат врз мирот и стабилноста на корејскиот полуостров“.

Кинеска државна телевизија:

„Шокирани сме од веста дека Генералниот секретар на Работничката партија на Кореја, претседател на Националната комисија за одбрана и врховен командант на Народната армија на Кореја, Ким Јонг Ил починал и ние изразуваме длабоко жалење по тој повод и испраќаме искрени поздрави до народот на Северна Кореја.“

Тајванскиот претседател Ма Јунг – Јео:

„Со оглед на актуелната состојба во Северна Кореја и Источна Азија, апелирам до азиските држави да продолжат да ја чуваат регионалната стабилност и безбедност. Нашата влада внимателно ги следи последните настани и идното влијание врз корејскиот полустров.“

Австралиски министер за надворешни работи Кевин Руд:

„Ова е единствената најголема воена зона во светот. Се наоѓаме на критичен крстопат од периодот пост-1950-та, и треба да се бидеме смирени и воздржани во овој исклучително тежок период на транзиција.“

Британски министер за надворшни работи Вилијам Хаг:

„Ова може да биде пресвртен момент за Северна Кореја. Се надеваме дека новото лидерство ќе увиди дека соработката со меѓународната заедница нуди подобри можности за подобрување на животот за обичните луѓе во Северна Кореја.“

Министер за надворешни работи на Франција, Ален Жипе:

„Со внимание ги следиме последиците од ваквиот развој на настаните и се надевам дека еден ден луѓето во Северна Кореја ќе бидат слободни. Како што знаете, има процес на дијалог со Северна Кореја, кој има подеми и падови. Дијалогот мора да продолжи, со Кина и други учесници, со цел Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.“

Претседател на Венецуела, Хуго Чавез:

„Венецуела има доверба во способноста на Корејците да се изборат за сопствената иднина, просперитет и мир. Во името на народот и владата на Венецуела изразувам длабока тага за смртта на претседателот, другарот Ким Јонг Ил.“

Спикер на парламентот на Иран, Али Лариџани

„Со жалење ја примив веста за смртта на Ким Јонг Ил, големиот лидер на пријателската нација, Демократската народна република на Северна Кореја. Во мое и во име на моите колеги во Парламентот, сакам да изразам длабоко жалење до Вас и вашите семејства.“

Американски конгресмен Питер Кинг од Њујорк:

„Мислам дека е важно да се има на ум дека Северна Кореја е во основа семејство на организиран криминал кое се претставува како влада. Ким Јон Ил беше лудак и тиранин. Неговиот син Ким Јонг Ун, може да претпоставите, доаѓа од истото семејство и ќе биде ист вид на лидер.“

XS
SM
MD
LG