Линкови за пристапност

Груевски: Се убивме од работа!


Груевски: Се убивме од работа!
Груевски: Се убивме од работа!

Македонскиот премиер во интервјуто за МИА говори за напредокот во евро-интеграцијата и спорот со името

Не сум сигурен дека има премногу негативни реакции за тоа. Но, јас одамна се навикнав дека во Македонија постојат политички и медиумски структури кои за „ерес“ го прогласуваат секое различно мислење од она на кој било дел од меѓународната заедница, макар била тоа и некоја маргинална странска невладина организација и кои сметаат дека беспоговорно треба се да се прифати, а ако може и самите да си ја додадеме вината, за да не засакаат.

Мислам дека тоа е погрешно“, вели премиерот Никола Груевски во денес објавениот втор дел од интервјуто за Македонската информативна агенција (МИА), на новинарското прашање за многубројните негативни реакции на неговите контраобвинувања за еврокомесарот Штефан Филе, кој, пак, обелоденувајќи го Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, изнесе остри оценки за македонската влада.

Според Груевски, македонските претставници треба отворено да ги кажуваат нивните размислувања и позиции:

„Тоа е во духот на демократијата која за ЕУ е на врвот на приоритетите. Ако може внатре во ЕУ секојдневно да има дебати и различни мислења по различни прашања од сите видови политики, ако таму има за се` и сешто различни и спротивставени мислења и аргументи, на што ќе им личиме ние, а и што ќе постигнеме, ако за се одговараме со `да, така е`, дури и кога различно сме убедени по одредени проблеми.

Секој отворен дијалог е покорисен, отколку премолчувањето и наталожувањето на фрустрации кај нас. Некогаш тоа нема да помогне, но некогаш може и да помогне.

Важно е да сме искрени пред себе и пред Бог. Се убивме од работа. Има и резултати, иако сме свесни дека имаме уште многу работа, но за толкав период зад нас, направен е максимум. Знаеме дека го знаат тоа. Затоа што многумина од нив во неформални разговори тоа и ни го признаваат“.

Македонскиот премиер, ја обвини Грција дека повеќе месеци одбегнува средби: „... А и тие кои ги има се несуштински, значи средби заради средби, каква што неодамна беше онаа меѓу министрите за надворешни, чија цел беше Грција да покаже пред партнерите во меѓународната заедница дека нешто работи и се труди. Всушност, (Грција – н.з) воопшто не се труди! Првиот фактор за тој однос е економската криза во Грција која што освен што реално ги дефокусира, им создаде многу подобра позиција кај меѓународната заедница. Тие сфатија дека се темпирана бомба во рацете на ЕУ, која ако многу се притисне ќе експлодира, ќе има огромни штети, ќе има изгореници, жртви… И сфатија дека заради тоа никој не смее да ги допре или да ги притисне по прашањето на името. Второ, гледаат дека притисокот во целост е на наша страна и го чекаат исходот од тоа. Се надеваат дека или ние ќе ги прифатиме нивните услови под притисок или ќе дојдат други времиња со други политичари, од кои имаат јасно ветување дека експресно ќе го решат проблемот. Тоа експресно се подразбира во чија корист ќе биде и затоа се комотни. Зошто тогаш Грција во една ваква ситуација би брзала со решението? Се надевам дека некој аргументирано ќе ме демантира за ова, вклучително и Грција“.

Груевски најави дека доколку продолжи тактиката на одделни поединци од меѓународната заедница за, според него, неизбалансиран притисок, тој е повеќе песимист отколку оптимист за решавање на спорот со името. Премирот признава дека Македонија ќе претрпи штета ако ја загуби препораката за прием во ЕУ.

„Ќе имаме штета, иако главната придобивка од препораката е ако преговорите започнат и станеме членки на ЕУ. Тоа го нема заради се` ова што го кажав досега“, вели македонскиот премиер во интервјуто за МИА.

XS
SM
MD
LG