Линкови за пристапност

Нимиц: Разгледавме за дел од старите идеи


Посредникот на ОН планира нова средба во Њујорк, по можност во мај, а и посета на регионот по изборите во Грција и Македонија

На денешната средба на преговарачите на Грција и Македонија Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски во Њујорк се разгледувале старите предлози, според информациите што по состанокот ги даде посредникот на ОН во прашањето за името, Метју Нимиц.
Разговаравме за средба, по можност во мај
Метју Нимиц
„Обете страни изразија желба да го забрзаат разговорите, иако,очигледно, се` уште не сме постигнале решение. Но, ова е форум каде обете страни се чувствуваат комотно да ги водат разговорите. Разговаравме за средба, по можност во мај. Јас, исто така, предложив подоцна да го посетам регионот, уважувајќи го фактот дека доаѓаат избори во обете земји, така што моето гледиште е дека посетата на регионот треба да се случи по изборите (...) Немаше конкретни резултати, но имаше мошне жива и искрена размена на гледишта од обете страни“, изјави Нимиц.

Тој не прецизираше за какви стари предлози се работи, но подвлече дека на обете страни им порачал „дека постојано треба да ги разгледуваме идеите дадени во минатото, затоа што понекогаш може да добијат нова виталност, луѓето може на нив да фрлат нов поглед, или пак може да се направат некои промени, така што, што се однесува до мене, се` додека не се постигне решение, отворени се сите можности“.
Не дадов некои нови предлози што би налагале ново, важно размислување на обете страни, така што за мене нема проблем
Метју Нимиц
Посредникот на ОН ја отфрли критиката дека нема голема полза од средбата што се одржува непосредно пред изборите во обете земји: „Мислев дека е важно да го сториме тоа во овој момент и да разговараме како да продолжиме напред. Не дадов некои нови предлози што би налагале ново, важно размислување на обете страни, така што за мене нема проблем. Не добив негативна реакција од обете страни за страни за состанокот. Обете беа мошне кооперативни за организирањето на оваа средба“.

Одговарајќи на прашање дали се зголемува меѓународниот интерес за решавање на прашањето, Нимиц кажа дека „во многу важни главни градови на ова се гледа како на прашање што ги надминува билатералните односи на двете земји, односно дека се одразува на регионот, а тоа е регион што е мошне важен за многу луѓе. Канцеларката Меркел изрази мошне сериозен интерес на нејзината влада во наоѓање на решение на овој проблем, што е важен за Европа“.
XS
SM
MD
LG