Линкови за пристапност

Мина над Големиот Кањон по јаже од пет сантиметри


Ова му успеа на американскиот акробат Ник Валенда

Познатиот американскиот акробат Ник Валенда мина над Големиот Кањон на челично јаже дебело само пет сантиметри. Тој е првиот кој успеа во ваков опасен потфат.

Самонаречениот „Крал на одење по јаже“ успеа за нешто под 23 минути да прејде нешто повеќе од 400 метри растојание од едната до другата страна на кањонот над реката Литл Колорадо, на височина од 450 метри.

Валенда не носеше заштитен појас, и на моменти силните ветришта го нишаа јажето, поради што мораше да запира. Тој е голем христијански верник и за време на минувањето можеше да се слушне како кажува молитви.

Кога стаса на другата страна, ја бакна земјата. Тој беше пречекан со воодушевување од поддржувачите. ТВ-каналот Дискавери го пренесуваше настанот во живо.

34-годишниот Американец е дел од „Летечкото семејство Валенда“ што веќе седум генерации се занимава со акробатика. Неколку трагично го загубија животот во опасни потфати, како прадедото на Ник, за време на потфат по жица.

Лани Валенда влезе во историјата како првиот човек кој ги мина Нијагарините Водопади одејќи по жица.
XS
SM
MD
LG