Линкови за пристапност

Се интензивира дебата во САД за забраната за оружје

Три шестгодишни деца се меѓу жртвите кои беа погребани во Њутаун, Конектикат, како последица од масакрот, кој ја разгоре дебатата за спречување на насилство со огнено оружје.

Денешните погребани меѓу 26-те убиени ученици и возрасни, кога напаѓач отвори оган во основното училиште во петокот.

Властите велат дека напаѓачот се верува дека ја застрелал мајка си, пред да се упати кон смроносниот поход во основното училиште, кое заврши со одземање на својот живот. Истрагата се` уште ги утврдува неговите мотиви.

Во средата, претседателот Барак Обама го повика Конгресот да го врати во сила законот за забрана на полуавтоматски пушки кој беше соборен во највисокиот законодавен дом во 2004-та. Тој го назначи потпретседателот Џо Бајден да ги предводи напорите да се направат конкретни предлози со цел државата да се справи со насилството со оружје.

Најновите анкети покажуваат дека последниот масакр со огнено оружје го сврти вниманието кон засилување на посточките регулативи.
Истражувањето кое го спроведе Си-Ен-Ен и ОРЦ Интернешенал, покажа дека 52 проценти од испитаниците се залагаат за поголеми рестрикции на оружје или категоризирање на оружјето, како илегално.

Истражувачите велат дека тоа е пад од пет проценти споредено со август, од времето кога во сличен инцидент во кино во Колорадо беа убиени 12 лица, а шестмина беа застрелани во храм на Сиките во Висконсин.
XS
SM
MD
LG