Линкови за пристапност

Њујорк: Нема забрана за големи газирани пијалоци


Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг рече дека ќе ја обжали одлуката на судот

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг рече дека ќе ја обжали одлуката на судот со која беше поништена неговата забрана за продажба на газирани и други слатки пијалоци во големи контејнери.

Неколку часа пред забраната да стапи во ефект, судот се изјасни дека Градскиот совет за здравје на Њујорк нема авторитет да запре продажба на безалкохолни газирани и други пијалоци во големи шишиња и чаши во ресторани, кина и мали продавници.

Блумберг изјави дека одлуката на судот е погрешна и дека е убеден оти повисока судска инстанца ќе ја потврди неговата страна.
XS
SM
MD
LG