Линкови за пристапност

Обама: партиите мора да соработуваат во новата година


Обама: партиите мора да соработуваат во новата година
Обама: партиите мора да соработуваат во новата година

Иако конкретна грижа е подобрување на економијата, законодавците мора да се насочат и на соработка во тоа да ја одржуваат економијата силна

Американскиот претседател Барак Обама вели дека демократите и републиканците мора да ја споделат обврската и да ја придвижат земјата напред во 2011-та.

Иако конкретна грижа е подобрување на економијата, законодавците мора да се насочат и на соработка во тоа да ја одржуваат економијата силна, а земјата компетитивна на долг период во иднината, рече Обама во редовното неделно радио-обраќање.

Американскиот претседател кажа дека во време кога новиот состав на Конгресот ќе започне со работа за неколку дена, тој е подготвен да соработува со кој и да е` член на обете партии кој има добра идеја и е посветен таа да стане реалност.

Обама вели дека ветувањето што си го дал за новата година е да обезбеди економијата да расте, да се создадаваат нови работни места и да се подигне стандардот на средната класа.

Во републиканското обраќање, новоизбраниот сенатор Кели Ајот од Њу Хемпшир подвлече дека неговата партија ќе продолжи да се занимава со намалување на непотребното трошење во владини редови и да им помага на бизнисите да отвораат работни места.

XS
SM
MD
LG