Линкови за пристапност

Нова препорака за спречување на срцевите и мозочни удари


Statins may slow aging, according to new research.
Statins may slow aging, according to new research.

Покрај холестереолот, користи и други фактори во пресметката на ризикот, со што двојно повеќе Американци би требало да земаат статин-лекови

Новата препорака за спречување на срцеви и мозочни удари налага двојно повеќе Американци да ја разгледаат можноста да земаат статин-лекови кои го регулираат нивото на холестеролот.

Препораката, што ја објавија две водечки медицински организации, Американското срцево здружение и Колеџот за кардиологија, нуди формула за проценување на нивото на ризик кај пациентот. Покрај холестеролот, кој досега беше главен чинител, новата проценка зема предвид многу други фактори.

Срцевите заболувања се водечка причина за смртни случаи на светско ниво.

Високиот холестерол предизвикува затврднување на артериите, што, пак, може да доведе до срцев или мозочен удар.

Милиони Американци примаат терапија со статини што драстично го намалуваат холестеролот. Според досегашните препораки, статините се препорачуваа за околу 15% од возрасните, но според новата, на една третина од тоа население, или на 33 милиони Американци, им се советува да земаат ваков лек.

Сепак, новата препорака ја подвлекува и важноста од здравата исхрана и физичката активност во избегнувањето на срцевите и мозочните заболувања.
XS
SM
MD
LG