Линкови за пристапност

Во Непал пристига помош по земјотресот


Пристигна помош во Непал
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:11 0:00

Пристигна помош во Непал

Битка со времето, два дена по земјотресот во којшто загинаа преку 3.700 лица

Во Катманду, главниот град на Непал се собираат странски спасувачки и хуманитарни екипи по силниот земјотрес саботата во којшто загинаа преку 3.700 лица, а неколку илјади се повредени.

I
I

Спасувачките екипи коишто се веќе на теренот бараат преживеани под урнатините. Одроните на земјиште и урнатините ја спречуваат помошта до најзафрлените региони, според хуманитарните агенции и извештаите на Интернет-медиумите. Комуникациските врски со руралните области се во прекин, поради што се стравува дека бројот на загинати и повредени дополнително ќе расте.

Болниците во Катманду се преполни со повредени.

„На многу пациенти мора да им бидат ампутирани екстремитетите поради сериозноста на повредите“, изјави доктор Ганеш Гурунг од непалската Национална академија на медицински науки.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 степени е на 80 километри северозападно од Катманду.

Извршната директорка на организацијата Оксфам Хелен Соки за Гласот на Америка изјави дека силниот земјотрес „двојно го погодил“ Непал, односно дека ја уништил и инфраструктурата на земјата којашто зависи од туризмот.

САД одвоија итна помош во висина од еден милион долари и го испратија 56-члениот специјален спасувачки тим од Вирџинија, заедно со претставници на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Дописникот на Гласот на Америка Стив Херман е на пат за Катманду и денес треба да пристигне во градот заедно со 70 членови од јапонската екипа за потрага по преживеани. Тој рече дека бил предупреден дека го очекува хаотична ситуација на аеродромот во главниот град - патниците коишто се обидуваат да заминат од земјата го преплавиле објектот, а контролната кула била евакуирана по последователните потреси.

Американската геодетска управа неделава очекува натамошни потреси во погодената област. Жителите на Катманду спијат по улици втора ноќ по ред, стравувајќи дека не е безбедно во домовите.

XS
SM
MD
LG