Линкови за пристапност

Американска помош за Непал


Вкупно 10 милиони долари за погодените од земјотресот

Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека САД ќе обезбедат дополнителни 9 милиони долари помош за погодените од земјотресот во Непал. Со тоа, американската досегашна помош ќе нарасне на 10 милиони.

Според Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), парите ќе се употребат за итна помош, меѓу што и за спасувачки операции, привремено сместување, чиста вода и санитарии. УСАИД наведува дека средствата се и за долгорочно закрепнување на Непал, надоградувајќи на „долгогодишното партнерство и развојна помош“.

Во рамки на итната помош беше активирана 56-члена специјална спасувачка екипа од Вирџинија, којашто заедно со претставници на УСАИД вчера замина за Непал.

XS
SM
MD
LG