Линкови за пристапност

НБА: Селтикс одат понатаму, Лејкерс на поправен во сабота


Вечерва Клиперс може да обезбедат пласман во полуфиналето.

Од синоќешните плеј-оф натпревари во НБА:

Младиот Тај Лоусон со 32 поени беше ѕвезда на мечот и најзаслужен за победата на Денвер нагетс врз Лос Анџелес лејкерс со 113-96. Лејкерс ќе мора во сабота на домашен терен во Лос Анџелес, во решавачкиот седми меѓусебен натпревар да побараат пласман во полуфиналето од Западната конференција.

Ветеранот Кевин Гарнет со 28 коша обезбеди пласман на Бостон селтикс во полуфиналето од Источната конференција. Следен противник - Филаделфија сиксерс. Во драматичен натпревар до самиот финиш, Селтикс на домашен терен, со поддршка од френетичната публика, ги совладаа Атланта хокс со 83-80.

Денеска играат Лос Анџелес клиперс – Мемфис гризлис. Резултатот е 3:2 за Клиперс во серијата најдобар во седум натпревари.

XS
SM
MD
LG