Линкови за пристапност

НБА: Хјустон намали против Голден стејт на 3:1


НБА: Хјустон намали против Голден стејт на 3:1
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

НБА: Хјустон намали против Голден стејт на 3:1

Маестрална игра на Џејмс Харден со 45 поени

Хјустон рокетс со синоќешната победа од 128:115 на домашен терен против Голден стејт вориорс намали на 3:1 во финалето на Западната конференција во НБА во серијата „најдобар од седум натпревари“.

Најдобрар играч на мечот беше Џејмс Харден со 45 поени, 9 скока и 5 асистенции. Соиграчите Тревор Ариза и Џош Смит постигнаа по 20, односно 17 поени.

Кај гостите, Клеј Томсон забележа 24 поени, а најдобриот кошаркар од овој тим и носител на престижната титула „најкористен играч во Лигата“ Стеф Кари имаше 23 поени, но поголем дел од третата четвртина мина во соблекувалната по незгодниот пад под противничкиот кош, којшто, за среќа по него, не заврши со посериозна повреда.

Вечерва во финалето на Источната конференција, Кливленд кавалиерс игра против Атланта хоукс. Резултатот е 3:0 за Кливленд. Со евентуален пораз, тимот на македонскиот интернационалец Перо Антиќ би ја завршил сезоната.

XS
SM
MD
LG