Линкови за пристапност

НБА плеј-оф: Индијана избегна елиминација


Синоќа победи на домашен терен, но Мајами и натаму води со 3:2

Индијана пејсерс извојува тесна победа на домашен терен против Мајами хит 93:90 и намали на 3:2 во серијата најдобар од седум натпревари во финалната серија на Источната конференција на НБА.

Битка за секоја топка

Битка за секоја топка

Најдобар кај домаќините беше Пол Џорџ со 37 поени, од кои 5 „тројки“. Дејвид Вест постигна 19 поени. Кај гостите, ѕвездата Леброн Џејмс играше само 24 минути поради неколкуте лични грешки што ги заработи на почетокот од мечот и имаше скромен учинок од само 7 поени. Најпрецизен кај Мајами беше Крис Бош со 20.

Следниот натпревар се игра во петок во Мајами.

Во финалната серија на Западната конференција, Сан Антонио спарс вечерва е домаќин на Оклахома Сити тандер. Резултатот е изедначен - 2:2.
XS
SM
MD
LG