Линкови за пристапност

НБА: Мајами и Оклахома во вториот круг


НБА: Мајами и Оклахома во вториот круг
НБА: Мајами и Оклахома во вториот круг

Сан Антонио избегна елиминација, намали на 3:2

Мајами и Оклахома се пласираа во вториот круг на плеј-оф напреварите во НБА. Хит синоќа ја совлада Филаделфија со 97-91 и со конечен резултат од 4:1, сега оди на мегдан на Бостон.

Оклахома надмина негатива од девет поени во последните четири минути и му зададе завршен удар на Денвер, 100-97. Кевин Дурант го изедначи својот плеј-оф рекорд со 41 поен.

Прворангираниот Сан Антонио се избори за уште една шанса да избегне елиминација. Синоќа во продолжение и на гости го победи осморангираниот Мемфис со 110-103, иако на само неколку секунди до крајот на регуларниот дел заостануваше три поени. Резултатот сега е 3:2 за Мемфис.

Вечерва играат Лос Анџелес-Њу Орлеанс, Далас-Портланд и Орландо-Атланта.

XS
SM
MD
LG