Линкови за пристапност

НБА има нова ѕвезда, Азија лудува по неа


НБА има нова ѕвезда, Азија лудува по неа
НБА има нова ѕвезда, Азија лудува по неа

Џереми Лин ги препороди Њујорк никс, ТВ-рејтингот...

Азиските телевизиски мрежи брзаат кој попрво ќе обезбеди права за пренос на натпреварите на Њујорк никс поради подемот на Џереми Лин, првиот американски играч од кинеско или тајванско потекло кој се напреварува во НБА.

23-годишниот Лин го препороди тимот откако неодамна влезе во првата петорка. Бекот во просек има 20 поени и осум асистенции во трите едноподруго победи на Никс.

Неговиот неочекуван подем влијаеше на гледаноста на НБА во Азија. Кинеските телевиски мрежи планираат да го пренесуваат денешниот натпревар меѓу Њујорк Никс и Лос Анџелес Лејкерс. Телевизиските канали во Тајван и Филипините исто така додадоа по неколку натпревари со Никс.

ТВ-рејтингот на натпреварите на Никс се покачи за 36% последните два натпревари.

Џереми Лин е на добар пат да ја врати популарноста на НБА во Азија по пензионирањето на осумкратниот ол-стар играч Јао Минг.

XS
SM
MD
LG