Линкови за пристапност

НБА: Мајами вториот финалист


Сега за титулата против Сан Антонио

Мајами хит со двоцифрена разлика во поени, 99:76, доминираше против Индијана пејсерс во решавачкиот, седми натпревар и се пласираше во големото финале на НБА. Леброн Џејмс со 32 коша и 8 скока беше главниот архитект на победата. За разлика од претходниот натпревар, Двејн Вејд потести на своите најдобри денови со 21 кош и 9 скока.

Кај гостите од Индијанаполис, центарот Рој Хиберт постигна 18 коша, и имаше 8 скока, но слаба ноќ забележа Пол Џорџ, кој реализираше само 7 поени и поради шест лични грешки предвреме го заврши мечот.

Споредено по четвртини, Мајами беше најуспешен во втората четвртина кога постигнаа 33, а прими само 16, со што почна да го диктира темпото на натпреварот.

Големото финале, во серијата - „најдобар во седум“, почнува во четврток. Во првиот натпревар, Сан Антонио гостува во Мајами.
XS
SM
MD
LG