Линкови за пристапност

Сан Антонио поведе против Мајами


Шампионот немаше сили за пресврт во првиот натпревар од финалето на НБА

Во фуриозен финиш во четвртата четвртина, Сан Антонио спарс направи предност од 31:9 и го порази актуелниот шампион Мајами хит со 110:95 во првиот натпревар од финалната серија на НБА - „најдобар од седум натпревари“.
Леброн Џејмс во акција

Леброн Џејмс во акција

Ветеранот Тим Данкан имаше блескава ноќ и постигна „дабл-дабл“ - 21 поен и 10 скокови. Тони Паркер постигна 19 поени. Кај Мајами, ѕвездата Леброн Џејмс забележа 25, а Двејн Вејн 19.

Сан Антонио за време на целиот натпревар доминираше под обрачите и имаше вкупно 39 скока. Мајами вечерта ја заврши со скромни 29.

Следниот меч се игра во недела во Сан Антонио.
XS
SM
MD
LG