Линкови за пристапност

НАТО креира сили за брза реакција


На самитот во Велс одобен е планот за формирање единици што ќе можат брзо да одговорат на каков било руски напад

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека силите ќе бидат составени од неколку илјади копнени војници со поддршка од морнарички, воздухопловни и специјални единици. На ротирачка база, ќе учествуваат земјите-членки на НАТО и ќе бидат подготвени за распоредување за неколку денови.

Силите за брза реакција ќе имаат бази во земјите-членки на НАТО во Источна Украина – потенцијално во балтичките држави, Полска и Романија, за опрема и складирање муниција, и малоброен персонал за планирање, командување и комуникациски операции. Понатаму се вели, ќе има постојано присуство на сили на НАТО во неговите членки во источна Европа.

Овој чекор е одговор на руската интервенција во Украина, земја која не е членка на НАТО. Генералниот секретар Расмусен изјави дека новите сили се замислени да обезбедат Русија да се не обиде да стори нешто слично во поранешните советски сателити, кои сега се дел од алијансата.

„Денешната одлука е силна порака до Русија дека сме определени да ги преземеме сите неопходни чекори да обезбедиме ефикасна заштита и одбрана на нашите сојузници“, рече Расмусен.

Тој ја нарече одлуката „соодветен“ одговор, на „драматичното променетата безбедносна клима во Европа“.

Расмусен го поздрави договорот за примирје во источна Украина, но изрази и благ скептицизам за неговата одржливост.

„Една работа е објавување примирје. Следниот и круцијален чекор е неговото имплементирање во духот на добра волја. Останува да видиме“, изјави Расмусен.

Генералниот секретар јасно стави до знаење дека конфликтот меѓу Русија и Украина доминирал на самитот во Велс, и изјави дека загриженоста за руската промена во однесувањето ги инспирирало челниците на НАТО да се договорат за зголемување на придонесот за одбраната, за што тој е убеден дека ќе постапат како што ветиле.

Руската агресија против Украина е отрезнувачки повик

„Одлуката беше донесена во целосно новата безбедносна состојба. Руската агресија против Украина е отрезнувачки повик“, изјави Расмусен.

НАТО најави дека на следниот самит во 2016-та домаќин ќе биде Полска. Расмусен тоа го оцени како симболичен потег за определеноста на Алијансата кон источните членки.

Расмусен рече дека лидерите на НАТО се согласиле потесно да соработуваат за кризата во Ирак. Тој го поздрави армиското и хуманитарно учество на неколку сојузници, вклучувајќи ги и САД.

Првиот човек на Алијансата оцени дека НАТО може да помогне во координирање на некои операции за поддршка, како обезбедување воздушен транспорт, но оти НАТО нема да има никаква улога во Ирак, ако не е поканет од ирачката влада, па и во тој случај, би учествувал само во процесот на обука.

XS
SM
MD
LG