Линкови за пристапност

НАСА: Половина век од првото орбитирање


НАСА: Половина век од првото орбитирање

НАСА: Половина век од првото орбитирање

Американската вселенска агенција НАСА слави 50 години од првото патување на еден астронаут во земјината орбита.

Ракета од проектот Меркур беше лансирана на 20-ти февруари 1962-ра, кога астронаутот Џон Глен ја обиколи планетата три пати во мисија да покаже како реагира човекот во вселената.

90-годишниот Глен минатата недела зборуваше во НАСА за неговото искуство и погледот кон Земјата од орбитата.

Глен не е првиот човек кој орбитирал околу Земјата. Речиси една година пред неговиот лет, пилотот на советското воздухопловство Јури Гагарин ја обиколи Земјата.

Астронаутот Џон Глен кој служеше четири мандати како американски сенатор од сојузната држава Охајо, се очекува да учествува на форумот кој почнува денеска на кој ќе се дискутира за иднината на НАСА. Тој ја критикуваше одлуката за прекин на американската вселенска програма, која го лансираше последниот шатл минатата година.

XS
SM
MD
LG