Линкови за пристапност

Контроверза со наводниот надзор на американските муслимани во Њујорк


Контроверза со наводниот надзор на американските муслимани во Њујорк

Контроверза со наводниот надзор на американските муслимани во Њујорк

Експерите предупредуваат да не се пречекорува границата на граѓански слободи

Полицијата во Њујорк објави дека вршила проширени надгледувања против локалната муслиманска заедница, со што се зголемија стравувањата дека официјални лица за спроведување на законот ги пречекориле овластувања во Уставот.

Асошиејтед прес јави дека њујоршкиот полициски оддел собрал разузнавачки информации од повеќе од 25 џамии и муслимански студенски групи во и околу Њујорк.

Извештајот вели дека полицијата ги задржала и добрите врски со Централната разузнавачка служба (ЦИА) , која не смее дома да шпионира. Минатиот месец, новинската агенција јави дека таен оддел познат под името „Демографски оддел“ испратил тајни агенти на њујоршката полиција со цел да ја надгледуваат муслиманската заедница.

Сајрус Мекголдрик, менаџер за граѓански права од њујоршкиот огранок на Советот за американско-исламски односи, вели дека извештаите го потврдиле сомневањето на заедницата дека се надгледувани од полицијата.

„Заедничкиот именител во заедниците е дека го надгледувале исламот, што е религија, значи јасно е дека се работи за религиозно, а не етничко профилирање“, вели тој.

Мекголдрик вели дека профилирањето крши неколку уставни одредби, вклучувајќи ја и забраната против владино пребарување без веројатна причина, како и негирање на правото на слободно изразување на религиозните уверувања:

„Со ваквиот чекор не се спроведува истрага против криминал, туку се криминализира една идеологија. На американските муслимани им вели дека нивните верувања и нивните институции не се добредојдени“, предупредува тој.

Експертот по уставни прашања Џозеф Шмиц, адвокат и поранешен главен инспектор во Одделот за правда за време на администрацијата на Џорџ Буш, вели дека муслиманските екстремисти, цитирале извадоци од исламот и коранот како оправдување за нивната доктрина на џихадот - светата војна против САД.

„Ако њујоршката полиција игнорира дека во тек е религиозен џихад против американски државјани од лица кои себе си се нарекуваат муслимани, тоа би било крајно неодговорно. Дали тоа значи дека секој муслиман во САД е вкклучен во џихад? Секако, не. И тоа би било смешно“, вели тој.

Но Шмиц додава дека ако спроведувате дискриминација против некој поради бојата на кожата или поради религиозното уверување или поради друга правна категорија, тогаш сте ја пречекориле линијата.

Дона Либерман е извршен директор на американската Унија за граѓански слободи во Њујорк. Таа посочува дека многу Американци гледаат на муслиманите поинаку по 11-ти септември 2001-ва.

Сите од експертите се согласни дека ниту еден историски момент не го одобрува правото на кршење на правата на муслиманските Американци.

Сајрус Мекголдрик вели дека таквите кршења на правата на граѓаните ја поткопуваат довербата во разузнавањето, кое, пак, има цел да обезбеди безбедност за сите.

Њујоршката полиција не одговори на барањето на Гласот на Америка да го коментира извештајот за разузнавање врз муслиманската заедница.

XS
SM
MD
LG