Линкови за пристапност

Музиката и губењето на слухот


Музиката и губењето на слухот

Музиката и губењето на слухот

Со стареењето слабее слухот. Понекогаш тоа значи потреба да се зголеми јачината на звукот додека се слуша радио или гледа телевизија, но често значи и фрустрација кога некој зборува во гласна просторија, а не можете добро да чуете што вели. Ново истражување покажа дека за слухот подоцна во животот е важно свирењето на инструмент порано во животот

Нина Краус, директор на лабараторијата за невронски мрежи при Северозападниот Универзитетот во Еванстон, Илиноис, вака објаснува што се случува кога се обидувате да чуете кога некој зборува во просторија со многу звуци, меѓу обични луѓе и музичари:

„Да го слушнете гласот на пријателот во гласен ресторан навистина зависи од можноста да ги издвоите звуците од позадината и оние што за вас се релевантни. Музичарите имаат тренирано уво за раздвојување на звуците“, вели таа.

Краус вршела испитување на 18 музичари и 19-ти други на возраст меѓу 45 и 65, кои требало да распознаат говор од неразбирливиот говор во позадината. Истражувачите исто така тестирале колку запомниле и што слушнале, што виделе и како и колку брзо разбрале или слушнале, а сето тоа е важно за способноста за свирење инструмент.

Целта било да се види дали искуството од разликување на значајните од комплексните звуци и помнењето на звучните секвенци, води кон подобар слух подоцна во животот.

Постарите испитаници во истражувањето, кои почнале на свират на 9-годишна возраст или помлади и свиреле музика константно во животот, ги победиле „немузичарите“ во сите категории освен во визуелната меморија.

Краус вели дека музичарите имаат развиено поголема способност да регистираат и распознаваат звуци. Тоа е последица на нивната постојана изложеност на звукот од нивните инструменти, на хармонија и ритам, што се битни за распознавање и на говорот.

Таа вели дека инстументот не игра голема улога.

„Најважно е на каква возраст почнале да свират, колку долго свиреле. Тоа се важните фактори, а не конкретниот инструмент или музичкиот жанр кои го свират“.

Истражувањето е објавено во журналот PLOS One.

XS
SM
MD
LG