Линкови за пристапност

Мис Калифорнија – најубава жена во САД


Мис Калифорнија – најубава жена во САД

Мис Калифорнија – најубава жена во САД

21-годишната Алиса Кампанела победи во натправарувањето од три категории – костум за капење, вечерна гардероба и разговор

Мис Калифорнија – најубава жена во САД

Мис Калифорнија – најубава жена во САД

21-годишната манекенка Алиса Кампанела од Калифорнија е нова Мис на САД за 2011-та. Таа ја освои престижната титула во конкуренција на 51-на девојка на синоќешниот натпревар во Лас Вегас што се одржа во три категории: костум за капење, вечерна гардероба и разговор.

Една од темите на разговорот беше и легализацијата на марихуната. Новата убавица на САД изрази став дека таа не треба целосно да се легализира само за да се најде решение за влошената економија.

Мис Калифорнија – најубава жена во САД

Мис Калифорнија – најубава жена во САД

Кампанела ја презеде титулата од Рима Фатих од Мичиген.

Родум од Маналапан, Њу Џерси, Кампанела почнала да се занимава со манекенство на 16 години.

За прва придружничка беше избрана Мис на Алабама, Ешли Дурам, а Мис на Аризона, Британи Дон ја доби титулата за фотогеничност.

Изборот на Мис на светот ќе се одржи на 12-ти септември во Сао Паоло, Бразил.

XS
SM
MD
LG