Линкови за пристапност

Без оглед што ќе се случи во Чикаго, целта е евроатлантска интеграција


Без оглед што ќе се случи во Чикаго, целта е евроатлантска интеграција

Без оглед што ќе се случи во Чикаго, целта е евроатлантска интеграција

Министерот за одбрана Фатмир Бесими во интервјуто за Гласот на Америка говори за лобирањето во Вашингтон.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими е во македонската делегација што учествува на Националниот молитвен појадок, но го посети и Пентагон, каде се сретна со заменик-помошникот секретар за одбрана Џозеф МекМилан.

Бесими во интервјуто за Гласот на Америка на македонски потенцира дека независно од исходот на самитот на НАТО во Чикаго, Македонија треба да продолжи со остварување на целта – евроатланската интеграција.

„Македонија треба да работи за својата цел – тоа се евроатланските интеграции – до и после Чикаго. Ако стане, или ако не стане членка во Чикаго, интересот на Република Македонија во однос на спроведувањето на реформите и стандардите на НАТО е нејзин стратешки приоритет во правец на безбедноста и стабилноста“, вели Бесими на прашањето што може да очекува Македонија во Чикаго.

Без оглед што ќе се случи во Чикаго, целта е евроатлантска интеграција

Без оглед што ќе се случи во Чикаго, целта е евроатлантска интеграција

Дали Македонија би се согласила да влезе во НАТО под референцената ФИРОМ: Бесими вели: „Република Македонија во рамки на ОН веќе ја користи таа привремена референца. Тоа е едно од решенијата кое е дефинирано уште од осамостојувањето на Македонија, како можност да членува во меѓународните институции“.

Па сепак, генералниот секретар на НАТО Расмунсен веднаш по пресудата од Хаг, изјави дека Македонија ќе стане члнека веднаш откако ќе биде разрешен спорот со Грција околу името. На прашањето дали Македонија има план Б, во случај прашањето да не се реши до Чикаго, или пак Грција повторно да го блокира приемот, Бесими одговара:

„Ставот на НАТО е изнаоѓање на заедничко прифатливо решение. Доколку заедничко прифатливо решение за членството во НАТО претставува моделот што го имаме во ОН и во другите меѓународни организации, тоа е и за НАТО, според нивната дефиниција. Тоа значи дека НАТО не наметнува решение, туку само насочува дека треба да има заеднички прифатливо решение“, вели Бесими.

Каква поддршка може да очекува Македонија од САД за евроатлантската интеграција? Бесими коментира: „На средбите во Пентагон се потврди тоа што постојано го слушаме од САД дека се наш сериозен и стратешки партнер. Поддршката на САД за членство во НАТО и натаму останува, со тоа што како членка на Алијансата, укажуваат на потребата да имаме заедничко прифатливо решение за надминување на разликите со Грција“.

Бесими вели дека во Пентагон разговарал и за унапредување на соработката меѓу САД и Македонија на армиски план, а американската страна изразила задоволство од учеството на македонските војници во меѓународните мировни мисии. За евентуалното зголемување на бројот на македонски мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан, министерот Бесими најави дека Македонија ќе ги следи чекорите на земјите – членки на НАТО.

„Засега остануваме на истата бројка војниците кои ги имаме во Авганистан“, рече министерот.

Првиот човек на макеоднската одбрана најави единствено зголемување на бројот на обучувачи на воената полиција на Авганистан – заеднички проект со Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Бесими имал и одвоена средба со заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер ,а во советодавната организација Атлански совет на затворена седница заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски денес ќе ги изложи македонските позиции за членство во НАТО.

Во Конгресот, Бесими се сретнал со конгресмените од Њујорк, Њу Џерси, и Северна Каролина, Елиот Енгел, Бил Паскрел, и Дејвид Прајс.

XS
SM
MD
LG