Линкови за пристапност

НАСА испраќа ново летало на Марс


НАСА испраќа ново летало на Марс

НАСА испраќа ново летало на Марс

Технички најопремено досега, со себе носи лабораторија

Најновото возило на НАСА за испитување на површината на Марс, што во сабота ќе биде лансирано од Кејп Канаверал, Флорида, треба да стаса на Црвената планета во август следната година. Мобилната научна лабoраторија позната како Кјуриосити е амбициозен проект од 2, 5 милијарди долари.

Компјутерската анимација покажува што НАСА очекува да се случи кога Кјуриозити ќе пристигне на кратерот Гејл на Марс. Падобранот и моторите ќе помогнат за помеко приближување до површината.

Кјуриозити потоа ќе биде симнат со помош на кабли.

Леталото е големо колку автомобил и има 17 камери. Научникот Ашвин Васавада, заменик-директор на мисијата, е импресиониран од можностите на Кјуриозити:

„Ова е возило на соништата – ќе биде очите на 200 научници од целиот свет кои го истражуваат Марс. Не само технички, туку и научно најопремено возило што досега сме го испратиле на Марс“.

Тоа оттаму што Кјуриозити е еден вид на мобилна лабораторија. Ќе минува по 200 метра дневно. Наместо сончеви плочи, ќе се напојува од нуклеарен реактор на плутониум. Има и ласер за истражување на хемискиот состав на карпите. Ќе собира примероци со роботската рака долга 1,8 метри, а може и да ги испитува на самото место.

НАСА сака да дознае дали на Марс некогаш имало услови за живот, барем на ниво на микроби.

Кратерот Гејл е можеби најдобрата локација на Марс за вакво истражување.

„Геолошките наоди говорат дека на времето таму имало вода. На оваа мисија ќе бараме органски траги – уште еден предуслов за живот“

Нуклеарниот реактор на Кјуриозити ќе овозможи леталото да биде активно две години.

XS
SM
MD
LG