Линкови за пристапност

Стејт департмент за одлуката од Хаг


Стејт департмент за одлуката од Хаг
Стејт департмент за одлуката од Хаг

Портпаролот Марк Тонер кажа дека двете страни треба да го искористат мислењето како поттик за натамошни преговори

На редовниот брифинг во Стејт департментот во Вашингтон, портпаролот Марк Тонер на прашање на Гласот на Америка да го коментира вчерашното изјаснување на Меѓународниот суд на правда во Хаг за тужбата на Македонија против Грција за ставањето вето за влез во НАТО на самитот во Букурешт во 2008-ма, рече:

„Ја видовме одлуката што ја донесе Меѓународниот суд на правдата на 5-ти декември за случајот меѓу Македонија и Грција. Како што често правиме со текстови од правна природа, ни беше потребно малку време да ја разгледаме пресудата. Но во основа, мислам дека пред се` би ги повикале политичките лидери во двете земји да ја искористат пресудата како можност повторно да се ангажираат, да ги заживеат напорите по прашањето за името, и да манифестираат лидерство со цел да се најде солуција на прашањето, што ќе биде од корист за двете земји. Се разбира, и натаму продолжуваме да ги поддржуваме напорите на ОН што се предводени од Мет Нимиц“.

XS
SM
MD
LG