Линкови за пристапност

Гласање на претседателските избори во Амбасадата во Вашингтон


До 14 часот по американско време гласале 22% од вкупно 40 граѓани пријавени за гласањето, според Серџим Мухамед, советник во Амбасадата и претседател на Гласачкиот одбор

За првпат во историјата на независна Македонија, македонските државјани од дијаспората имаа право да гласаат на претседателски избори.

До 14 часот по американско време во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон гласаа 22 отсто од вкупно 40 граѓани пријавени за гласањето, според Серџим Мухамед, советник во Амбасадата и претседател на Гласачкиот одбор.

„Изборниот процес во гласачкото место при Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон почна во 7 часот, согласно упатството на Државната изборна комисија. Засега, гласањето тече без никакви проблеми“, вели Мухамед.

За Гласот на Америка на македонски говорат некои од граѓаните што го остварија правото на глас во македонската амбасадата во САД:

„Ова ми е прв пат да гласам зашто не сум бил во Македонија за време на гласање. Среќен сум што можам тука за прв пат да гласам. За очекувањата од претседателските избори – се надевам дека ќе бидат фер и демократски“.

„Цениме и почитуваме што ни` е овозможено правото да гласаме на овие избори. Се надевам, дека и на парламентарните избори ќе можеме да гласаме“.

Во Северна Америка се гласа на шест избирачки места - во Амбасадите во Вашингтон и Отава, и во Конзулатите во Њујорк, Торонто, Чикаго и Детроит.
XS
SM
MD
LG