Линкови за пристапност

Не успеа обидот на опозицијата за разрешување на министерката Јанкуловска


Не успеа обидот на опозицијата за разрешување на министерката Јанкуловска

Не успеа обидот на опозицијата за разрешување на министерката Јанкуловска

Опозиционерите ја обвинија за селективна правда, а пратеницте од власта ја фалеа за ефикасност.

По третпат, опозиционерите не успеаја да издејствуваат разрешување на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Собранието со 33 гласа „за“, 56 „против“ и без воздржани гласови не ја прифати интерпелацијата за работата на министерката, поднесена од опозицијата

Опозиционерите ја образложија интерпелацијата со, како што наведуваат, пропустите во работата на Министерството за внатрешни работи, убиството на Мартин Нешковски, случајот „Кампања“ и апсењето на Љубе Бошкоски, политичката пресметка со Фијат Цаноски и уривањето на станбено-деловниот комплекс Косомос, како и инцидентите на Калето што ја заголемија меѓуетничката напнатост.

Пратениците на владејчката партија, пак, ја бранеа министерката со, како што рекоа, резулатите постигнати во борбата против корупцијата. Укажаа дека според индексот на корупцијата на Транспаренси интернешнал, Македонија од 106-тото место се искачи на 62-рото токму во времето кога министер за внатрешни работи е Гордана Јанкулоска. Како позитивен пример за работата на Јанкуловска, пратениците од власта ја нагласија и визната либерализација остварена во нејзиниот манадат.

Барањето за интерпелација треба да биде отфрлено, зашто е полно со невистини и несериозни наводи. Интерпелацијата има за цел да ја прикрие безидејноста на политичари од `мрачната транзиција`, изјави Јанкуловска пред пратениците.

Што се однесува до забелешките на опозцијата за случајот „Кампања“ и апсењето на Бошкоски, што беше една од главните теми на дебатата, Јанкуловска посочи дека пратеникот Тито Петковски немал забрана да изврши увид во материјалите од прислушувањето во случајот „Кампања“.

XS
SM
MD
LG