Линкови за пристапност

Нимиц закажа нова рунда преговори за името

  • Ведран Андоновски

Ќе се сретне со Јолевски и Адамантиос на 24-ти и 25-ти октомври

Посредникот на ОН Метју Нимиц ги повикал преговарачите на Македонија и Грција, амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на нови средби во Њујорк на 24-ти и 25-ти месецов, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на светската организација.

Според кусото соопштение, преговарачите, кои веќе ја прифатиле поканата, најпрвин одвоено, а потоа заеднички ќе се сретнат со посредникот, во обид да се постигне обострано прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG